/Otpecatok

A web app where you can calculate your individual carbon footprint, educate yourself on the environment and find out where to recycle.

Primary LanguageSCSS

##ЈаглерО2

Како се користи..

За користење на оваа апликација, потребно е да се преземе целиот изворен код.

По преземање на изворниот код треба да се навигира точно до фајлот кој гласи Otpecatok-master(тука се наоѓа целиот проект).

Треба да се осигурате дека имате инсталирано node.js глобално на вашата машина.(за да може да користите npm)

Откако ќе го направите тоа треба да ја извшрите командата npm install.

Потoa за извршување на самата апликација потребно е да се изврши командата ng serve или npm start.

Ova ќе ка изврши вашата програма на http://localhost:4200/

Краток опис на платформата

Јаглер02 е мултинаменско веб решение чијашто главна цел е да го едуцира просечниот македонски граѓанин за еколошката ситуација во неговото општество и во светот. Тоа пробуваме да го постигнеме со тоа што имаме имплементирано наш создаден калкулатор врз ознова на македонски и светски статистики кој што го пресметува јаглеродниот отпечаток на секој поединец. Со тоа корисникот ќе стане свесен за неговиот импакт на околината и ќе може да доистражи се што го интересира, со помош на информациите кои ги нудиме на нашата платформа. Исто така тој може да се логира и да стане активен дел од зелената револуција и онлајн, со тоа што ќе може преку платформата да ги даде своите идеи за подобро општество и да најде истомисленици кои што ќе ја поддржуваат неговата Еко иницијатива.

За создавање на овој индивидуален пресметувач на јаглероден отпечаток се обидовме да дојдеме до најрелевантните податоци и да ги искористиме во нашите пресметки. Ваков тип на калкулатори е сложени модел и претставуваат естимација на потрошувачката на јаглероден диоксид. Тешко да се направи калкулатор со точност најблиска до реалната поради малиот број на истражувања и варијацијата од земја до земја за секое истражување. Податоците користени во изработката на калкулаторот се релевантни на оние за Македонија. И покрај малиот број на податоци за македонија се обидовме да направиме најблиска естимација на стапката на јаглероден отпечаток. Овој калкулатор употребува неколку прости математички формули и константи кои се користени од повеќе светски и локални еколошки организации, како и официјални податоци од релевантни државни и меѓународни институици кои што се објаснети во делот наречен Методологија.