Дизајн и архитектура на софтвер F18L3W009
Веб апликација [MacedoniaTimeless] дизајнирана за мапирање на податоци со отворен код и пронаоѓање на оптимални рути, за културно-историски објекти во Македонија. Изработена како дел од факултетски курс.
Василаки Ѓорѓиоски - 211101
Виктор Бебек - 211202
Сара Апостоловска - 211086
Марко Коскоски - 211077
Културно-историското наследство на Република Македонија е богато и разновидно, со многу различни историски и културни објекти. Тоа е одраз на вековните историски, културни и етнички влијанија во оваа област. Во Република Македонија се наоѓаат многу значајни објекти и локации кои сведочат за нејзината богатата историја и култура како што се многу национални музеи, археолошки наоѓалишта, културни објекти и споменици, верски објекти, потоа различните традиции и обичаи, богат и разновиден фолклор, историски настани, манифестации итн. Ова се само неколку од аспектите на културно - историско наследство на Република Македонија, кое претставува важен дел од идентитетот и културата на земјата.
Со цел да ги промовираме и чуваме овие национални богатства, развиваме веб апликација за мапирање и навигација на културно-историското наследство во нашата земја. Оваа апликација ќе им овозможи на корисниците да истражуваат и да добијат информации за културните и историски објекти на територијата на Република Македонија. Корисниците ќе можат да прегледуваат интерактивни мапи, да пребаруваат објекти според интерес, име, географска локација, а потоа за избраниот објект да пристапат до информациите поврзани за него. Исто така апликацијата ќе нуди можност за добивање на инструкции за навигација и исцртување на рута од локацијата на корисникот до избраниот објект.
Нашата апликација има за цел да го популаризира и збогати историското и културното наследство на Република Македонија и да им овозможи на корисниците интересен и ефикасен начин на истражување и пристап до богата историја и култура на нашата држава и народ.
Кратка верзија на СРС документ. Во прилог се функциските и нефункциските барања на системот, вклучително и нивните приоритети и скалабилност.
Дескрипција на приоритетни нивоа:
- Системот треба да им овозможи на корисниците регистрација на свои профили. (приоритет 1)
- Системот треба да им овозможи на корисниците најава на системот. (приоритет 1)
- Системот треба да им овозможи на корисниците да можат да прегледуваат листа на различни објекти на културно-историско наследство во Република Македонија. (приоритет 1)
- Системот треба да има овозможи фукционалност за сортирање според конкретна категорија. (приоритет 1)
- Системот треба да има овозможи фукционалност за филтрирање според конкретна категорија. (приоритет 1)
- Системот треба да има овозможи фукционалност за пребарување според конкретна категорија. (приоритет 1)
- Системот треба да овозможи избор на културно-историскот објект од листата. (приоритет 1)
- Системот треба да овозможи приказ на детали во врска со избран културно-историски објект. (приоритет 1)
- Системот треба да овозможи приказ на детали кои вклучуваат име и локација за самиот објект. (приоритет 1)
- Системот треба да има можност за приказ на сите објекти на културно-историско наследство на мапа. (приоритет 1)
- Системот треба да му овозможи на корисникот пребарување на објекти од интерес на мапата. (приоритет 1)
- Системот треба да му овозможи на корисникот селектирање на објект од интерес на мапата. (приоритет 1)
- Системот треба да овозможи приказ на инструкции за навигација од локацијата на корисникот до избраниот објект. (приоритет 1)
- Системот треба да овозможи приказ на исцртана рута од локацијата на корисникот до избраниот објект. (приоритет 1)
- Системот треба да им овозможи на корисниците да ја користат GPS локацијата на нивните мобилни уреди за автоматско наоѓање на најблиските објекти на културно-историско наследство. (приоритет 2)
- Системот треба да има можност да ја превземе локацијата на корисникот, со негова дозвола. (приоритет 2)
- Системот треба да вклучува отворени податоци за објектите на културно-историско наследство од OpenStreetMap на постоечки ресурси за вакви објекти. (приоритет 1)
- Системот треба да има можност за креирање на кориснички профил со улога на администратор. (приоритет 1)
- Системот треба да му овозможи на администраторот да ги ажурира податоците за објектите на културно-историско наследство и да додава или брише вакви објекти. (приоритет 1)
- Системот треба да му овозможи на администраторот пристап до статистички извештаи за употребата на апликацијата. (приоритет 3)
- Системот треба да има достапна јазична подршка на македонски и англиски јазик за подобар пристап на корисниците и туристите. (приоритет 1)
- Системот треба да е достапен за употреба во 99% од времето. (приоритет 1)
- Системот треба да нуди модерен кориснички интерфејс кој е интуитивен и едноставен за употреба на младата популација. (приоритет 1)
- Корисничкиот интерфејс на системот треба да биде прилагодлив на мобилни уреди. (приоритет 1)
- Корисничкиот интерфејс на системот треба да биде прилагодлив на десктоп уреди. (приоритет 1)
- Системот треба да обезбеди подршка за најмногу 100 корисници одеднаш. (приоритет 1)
- Системот треба да има можности за заштита на приватноста на корисниците. (приоритет 1)
- Системот треба да има можност за сигурно чување на личните податоци на корисниците според важечките законски прописи. (приоритет 2)
- Системот треба да може да прима 100 HTTP барања во секунда. (приоритет 1)
- Системот мора да има достапна претходна стабилна верзија за време на надградувањето на истиот. (прироритет 2)
- Системот треба до овозможи листа за брза навигација. (приоритет 3)
- Системот треба да биде достапен за сите веб прелистувачи. (приоритет 1)
- Системот треба да биде скалабилен и да поддржува раст на бројот на културни објекти. (приоритет 1)
- Системот треба да биде скалабилен и да поддржува раст на бројот на корисници. (приоритет 1)
- Просечното време за одговор на системот треба да биде 2 секунди. (приоритет 1)
- Зависноста на системската имплементација од одреден оперативен систем не треба да надминува 5%. (приоритет 1)
- Времето на неактивност при ажурирање на апликацијата да биде минимално. (приоритет 1)
- Во системот треба да се импламентирани мерки за заштита од различни видови напади. (приоритет 3)