Kalkulator

Калкулатор e механичка, електронска, преносна направа/уред што служи за извршување на пресметки, од основна аритметика до сложена математика. Компјутерските оперативни системи имаат вклучени интерактивни калкулаторни програми, а истото го содржат и современите смарт-телефони. Постојат и калклулатори достапни на интернет за симнување како и онлајн.

Освен намената за генерална употреба постојат и калкулатори со специјална намена како на пример научни калкулатори(што содржат статистички и тригонометриски пресметки), компјутерска алгебра, графиконски калкулатори.

Денешниот модерен калкулатор наликува на првиот џебен електронски калкулатор од Јапнската компанијата Busicom LE-120A "HANDY", произведен во 1971г. со LED дисплеј, единечно интегрирано коло, замeнливи батерии и чип. На овој калкулатор му предходи првиот рачен(handheld) прототип на калкулатор "Cal Tech" од Џек Килби во 1967г. што ги извршувал четирите основни математички операции запишани на хартиена лента. Софтеверските калкулатори специфични за аритметичката намена биле пуштени во употреба во 1978г. и се нарекувале VisiCalc, а ги викале и интерактивни видливи калкулатори(interactive visible calculator).

Од тогаш до денес калкулаторот е незаменливо средство како дел од математичките науки, инкорпориран во информатиката, па и во секојдневниот живот. Поради неговата употреба и незаменливост ние направивме калкулатор како цел на овој проект и во следнава документација ќе го анализираме од кориснички аспект и од имплементациската страна.

Најпрво, при вклучувањето на апликацијата се појавува опција за обична (basic) и напредена (extended) верзија на калкулаторот како на сликата 1) и во исто време се појавува и иконата на апликацијата во таскбарот.

Обичниот калкулатор ги содржи основните математички операции односно собирање, одземање, делење, множење и процент, а напредниот покрај нив содржи и посложени функции како синус, косинус, логаритмирање, квадратирање, корен и останати комплексни операции. И двете верзии ги задоволуваат потребите за аритметички пресметки во секојдневието, нивните намени се за широка употреба и се прикажани на сликите 2а) и 2б).

При изработка на дизајнот се трудевме да одбереме едноставен, прегледен, лесно пристапен соодветно со впишување на операциите, со неутрални бои освен за полето на clear и знакот еднакво(=) кои се истакнати со црвена(кај обичниот) и сина боја(кај напредниот),а фонтот и големината ги одбравме за добра видливост.

Прозорецот на калкулаторот е поделен на тастатура и екран(display). Тастатурата ги содржи броевите од 0-9 и потребните знаци за операции во посебни полиња, знаците и броевите се јасно прегледни како на тастатурата така и на екранот и при изршување на операциите се лесно пристапни.

Следно, ќе обработиме една функција во постапни чекори:

Log83 и на резултатот процент (%)

Прво се притискаат цифрите 8 и 3 и потоа полето на функцијата Logх и се добива вредноста. За да се добие процентот, само се клика на полето за % и дирекно се гледа процентуалната вредност на екранот.

Оваа опишана постапка е од страна на корисникот, додека во позадината се одвива следното: Со притискањето на копчето 8 се внеува цифрата 8 на екран, потоа со притискање на копчето 3 се додава цифрата 3 бројот кој се впишува. Компјутерот знае дека се работи за повеќецифрен број бидејки не била внесена никаква операција. Потоа со притискање на копчето logx се извршува функцијата log10, која е дел од библиотеката Math, врз бројот кој е впишан на екран. Со извршувањето на оваа функција веднаш на екран се впишува резулатот од log83. Потоа го притискаме копчето за процент % што ја повикува функцијата која ја испишува на екран процентуалната вредност на бројот кој се наоѓа на екран, што всушност е резултатот од нашата претходно извршена функција log(слика 3а) и 3б)).

За извршувањето на операциите над броевите нашиот калкулатор во меморија чува неколку работи. Најпрво ги чува двата броја врз кои ја извршува операцијата во променливи од тип int, самата операција ја чуваме во променлива од тип char, дали вториот внесен број е децимален во променлива од тип int како и дали била внесена втора операција во проментлива од тип int. Првиот број се зачувува при првото кликнување на операција (+,-,/,*), потоа се внесува вториот број, доколку е тој децимален се зачувува тоа во променливата за втор децимален број(decimalenBr2). Со внесувањето на следната операција се запишува вториот број во меморија и се извршува првата операција која била внесена. Резулататот се запишува на екран и во променливата за првиот број во случај да сакаме да го користиме резулатот за следните пресметки. А со притискање на знакот еднакво(=) само се запишува на екран.

Овој начин на зачувување на резулатот во меморија овозможува извршување на бесконечно многу операции врз претходните резултати. Ова може да се види на сликата 4).

Користењето на калкулаторот е лесно и прегледно, со едноставни насоки на користење

• Се впишува бројот со кликање (со курсорот) при што само броевите односно операндите се прикажуваат на екранот.

• За извршување на операциите (освен процентот) во обичниот калкулатор (basic) треба да се притисне на полето за еднакво (=) за да се добие резултат, додека кај напредниот истото важи за основните математички операции, а за сложените не притискаме на полето за еднакво(=), односно директно го имаме резултатот на екранот.

• Копчето back, враќа на почетниот прозорец со изборот на двете опции.

• Пресметувањето на аглите се врши во степени.

• Мора да се напомене дека калкулаторот ги пресметува математичките операции по редоследот на внесување, а не по приоритетот на знаците.

Изработено од Јана Трпковска, 181014 и Ева Тимова, 181128